Артан Груби од ДУИ во вечерашното гостување на телевизија Телма се декларираше како патриот кој ја сака Македонија.
-Господинот Ахмети и јас лично велам, еве пред цела македонска јавност: Македонија е моја татковина, Македонија е моја држава. Погледнете ги стенограмите од сите мои средби во Америка, во Брисел, објавете ги. Јас сметам дека сум патриот зашта ја сакам Македонија, цела ја сакам и сакам таа Македонија да биде член на НАТО и ЕУ, со еднакви права каде ќе нема протести против заокружување на Рамковниот договор, рече Груби.