Груби: Спорот со името е веќе решен, треба само да се договорат деталите


Пратеникот Артан Груби, изјави дека САД гледаат оптимистички во однос на решевањето на спорот со името и даваат сестрана подршка за евроатлантските интеграции на Македонија.

Груби е дел од македонската парламентарна делегација која неделава е во официјална посета на Вашингтон, и која вчера присуствуваше на Националниот молитвен појадок традиционално организиран од претседателот на САД.

Тој за МИА изјави дека имал упешни средби со 13 конгресемени и сенатори и бил во работна посета на специјалниот советник на заменик претседателот на САД, Мајк Пенс, на помошникот заменик на државниот секретар за одбрана Лаура Купер, и се сретнал со Вес Мичел, новиот заменик на државниот секретар за Европа и Евроазија, кој дојде на местото на Ји Хојт.

-Подршка доаѓа од секаде, од Стејт департментот, од Белата куќа и од Пентагон. Затоа Македонија треба час поскоро да ги реши сите отворени спорови со соседите и да ја запечати својата евроатлантска иднина. Ова е наша година и можеме да успееме во тоа – изјави Груби.

Според него, спорот со името е веќе решен. Во наредните недели треба само да се договорат деталите, за договорот со Грција да биде достоинствено и компромисно решение за двете страни.

Тој изрази жалење поради непотпишаниот указ за прогласување на Законот за јазици од страна на претседателот Ѓорге Иванов, кој го врати законот на повторно читање во Парламентот.

– Иванов изуби шанса да биде прифатлив претседател за сите граѓанаи на Македонија, вклучително и за Албанците, и да остави свој белег во заокружување на нормативниот дел од Охридскиот рамковен договор – вели Груби.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1