Груевски: 11-ти декември е денот кога целиот народ ќе покаже дека Македонија има сила


Во периодот до изборите од опозицијата и нивните структури и помагачи не може да очекуваме ништо поразлично од она што веќе го правеа: хаотичност, деструкција, обиди за провокација кон нас преку најразлични механизми, на улица, СЈО. Но силата им ја видовме. Тоа ќе биде веќе видено, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на големиот народен собир.gruevski-pozdrav-640x464

-Аргументи немаат, поддршка од народот немаат. Ќе сторат се за да не испровоцираат, или да фрлат сенка врз изборите, или ќе се обидуваат да ги прогласат за неважечки или да не го признаат поразот, само за да се одржат во политички живот, затоа што на некои луѓе таму многу им зависи од тоа дали се на чело на таа партија или не се. Но, тоа нема да им помине. Ќе ги издржиме уште малку. Се гледа крајот на агонијата. 11-ти декември е за 8 недели од денеска. Две години ги трпевме, на глава ни се качија, уште 8 недели ќе поминат и ќе се соочат со реалноста и со волјата на народот во Македонија. Исто така во меѓувреме, во моментите кога нема да се занимаваат со деструкција, клевети, лаги, црна кампања, ќе се обидат и да ветат нешто. Лидерот нивни е познат по ветувањата, го знаеме,  исто како што е познат и по лагите и по тоа дека денес едно кажува утре друго, знаеме колку му вреди зборот на тој човек. Се сеќавате нели, не го познаваше Верушевски на почетокот. Така тврдеше. Еве ги сега гушнати маршираат низ Скопје. Велеа Чаушот не бил член, па се покажа дека исто како и Верушевски, Заев со Чаушот се најдобри другари, рече Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потсети и за лажните обвинувања од страна на СДСМ за Избирачкиот список.

-Велеа има фантомски гласачи. Лицитираа со бројки. Се им се сруши како од кула од карти.  Државната изборна комисија потврди дека по прочистувањето направено според методологијата која што ја бараше опозицијата на Избирачкиот список има запишани гласачи, практично исто колку што имаше во 2014 година кога имаше избори. И така си маршираат си кажуваат мислејќи дека народот не памети и лесно може да се излаже. Епа ќе видиме на 11-ти дали може да го излажат народот. На 11-ти декември народот ќе им го даде одговорот и ќе прати јасна кристално јасна порака, дека нема играње со нашиот народ, дека му е преку глава од сето ова што се случуваше и деструкцијата во која опозицијата не втурна и ќе одберат опција на која може да се ослонат и која знаат дека ќе работи и ќе создава дела, ќе ги решава проблемите и ќе ја води земјата напред, рече тој.

Груевски вели дека 11-ти декември е денот кога целиот народ ќе покаже дека Македонија има сила.

– Дека Македонија има лојални граѓани кои си ја сакаат државата. Дека граѓаните во Македонија добро ја знаат вистината за Македонија, ама баш вистината, а не лагите што некој сака да ги претстави како вистина. Вистината за тоа кој и мисли добро на оваа држава. Кој работи за оваа држава и кој создава дела и проекти. 11-ти декември е денот кога нашите граѓани ќе покажат дека Македонија има политичка зрелост и капацитет да процени, да оцени, да награди но и да казни. Да ги награди тие што искрено работат за Татковината, но и да ги казни оние во чиј ум не постои искрена мисла за Македонија, оние кои со години мислат, мозгаат и коваат црни планови како да ја уништуваат државата. Е тоа кај овој народ не им мине… Тој филм тие нема да го видат. Овој народ си ја сака оваа држава. Овој народ досега поминал низ многу искушенија и многу премрежја, но секогаш сме излегле посилни. Така ќе биде и на 11-ти кога сите ние заедно нема да дозволиме филмот на Заевци и Верушевци да стане реалност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1