Груевски бара од Спасовски итно да го расветли скандалот со личните карти


Премиерот Никола Груевски јавно го повика технички назначениот министер за внатрешни работи од редовите на СДСМ Оливер Спасовски, во најбрз можен рок да преземе акција со која што би ја истражил аферата за наводно фалсификување на 30000 лични карти.  Тој посочи дека по завршување на истрагата, резултатите треба да бидат претставени пред јавноста, со што би се отфрлиле сите шпекулации за некакви нерегуларности на изборите закажани за 24 април, идната година.gruevski 44

ВМРО ДПМНЕ преку соопштение до јавноста повторно побара од техничкиот министер Спасовски преку конкретни мерки да го открие сторителот на евентуалниот фалсификат или фабрикувачот на оваа афера мора да одговара.

Не се кријте г-дин Спасовски. Не сте повеќе само генерален секретар на СДСМ, сега сте технички назначен за министер за внатрешни работи на сите граѓани. Граѓаните од Вас бараат да ја решите оваа афера и да дадете одговори кој, за која цел и кога го направил овој фалсификат и истиот да го изведете пред лицето на правдата, а доколку станува збор за фабрикување на афера и во тој случај да постапие според законот и лицата кои фабрикуваат афера да ги соочите со правдата.

Аферата со наводно фалсификуваните 30000 лични карти ја објави неделникот Фокус пред девет дена, а техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски сеуште официјално не соопштил какви акции презел за разоткривање на овој скандал.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1