Груевски бара половина милион евра од Заев за клевета – за снимките дека зел кеш


Со тужба за клевета Груевски бара 500 илјади евра отштета од Заев, заради неговите изјави при објавувањето на снимката за купопродажбата на „Македонска банка“, пренесува Фокус.

gruevskizaev

-Со тужбата против лидерот на СДСМ, Груевски бара неверојатни 500 илјади евра отштета од Заев. Висината на сумата може да се цени како одраз на револтот или гневот што го предизвикал Заев на прес-конференција со изнесените тврдења за криминал на Груевски. Од друга страна, пак, ако судот го прогласи Заев за виновен и пресуди толкава сума, во согласност со авторитетот и позицијата на Груевски, тогаш секако дека постои и намера за финансиско исцрпување на Заев, кој и натаму важи за еден од главните финансиери на партијата! – стои во текстот од Фокус.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1