Бараме поддршка од сите граѓани за ВМРО-ДПМНЕ да добие 62 пратеници на претстојните парламентарни избори за да не бидеме уценувани, да не не кочат во реализирањето на зацртаната програма и да не не уценуваат по државните и национални интереси, порача од митингот во Кавадарци лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Ние, рече, сме 24 години во демократија. Народот е искусен и знае да процени, да прави разлика и да го направи вистинскиот избор. Народот си бара чесен однос, а тоа, како што истакна е ВМРО-ДПМНЕ.
Барањето за доверба, рече, е поддржано со посветената работа и резултатите кои се постигнати.