Заев: Државата ќе биде во рацете на граѓаните


Граѓаните на Македонија жртвуваа многу за да создадат држава, а државата треба да ги почитува своите граѓани. Затоа државата ќе ја вратиме во рацете на граѓаните. СДСМ сака да заврти нов лист, за подобра Македонија, потенцира Зоран Заев, лидер на СДСМ, на митинг на партијата и на нејзините коалициски партнери во Скопје.

zaevНа стартот на изборната кампања тој најави дека реформираниот СДСМ ќе сврти нов лист за подобра Македонија.

– Нашата цел е да ја оправдаме довербата на граѓаните. Со предложените листи за пратеници докажуваме дека сме над себе. Предложените кандидати верно ќе ги заштитуваат граѓаните и ним ќе им служат и ќе им одговараат. Секој треба да ~ помогне на Македонија, бидејќи така си помагаме себеси и на нашите деца. Народот сака да живее во благосостојба, како социјалдемократи нема да заборавиме да се бориме за еднакви права на сите. Може и мора подобро да се живее, Македонија заслужува иднина, порача лидерот на социјалдемократите – нагласи лидерот на социјалдемократите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1