За првпат новинари поставени за портпароли на Судот


Скопскиот Кривичен суд со нов приод кон јавноста: За првпат како службени лица за контакт со медиумите и новинарите се поставени новинари, што досега не бeше практика на Судот.

Osnoven-Sud-Skopje-II-SkopjeСе работи за новинарите Паула Божиновски – досегашен новинар во Академик.мк и Дејан Ристовски – досегашен новинар во Телма Телевизија, во чие професионално портфолио стои долгогодишно искуство во правосудното новинарство, изразено преку континуирано известување, следење и анализирање на состојбите во правосудниот систем.

Несомнено, ваквиот нов приод на Судот, покрај тоа што го потврдува значeњето на правосудното новинарство во креирањето на современите институции, внесува и позитивна новина со оглед на европската практика за информирањето на јавноста, но и за доследното почитување на транспарентноста и отвореноста на Судот кон граѓаните, медиумите и општата јавност.

Својата одлука за поставување на новинарите за нови гласноговорници, Судот ја истакна на својата веб страна.

„Се известуваат сите медиуми дека започнувајќи од ден 07.04.2014 година, Основниот суд Скопје 1 Скопје за контакт со медиумите и новинарите ги постави службените лица Паула Божиновски со телефонски број 076/484-370 e-mail: [email protected] и Дејан Ристовски со телефонски број 075/311-914 e-mail: [email protected] и телефон 02/3292-645“, се вели во соопштeнието од Судот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1