Груевски: Добивме уверување од ЕУ и САД дека веќе нема да има условувања – избори на 5 јуни


Добивме уверување од меѓународната заедница дека повеќе нема да има нови условувања, дека до 5 јуни нема да има повеќе преговори и дека има доволно време и Државната изборна комисија да си ја заврши во целост работата, рече во пополноќната изјава лидерот на владејачката партија Никола Груевски по завршувањето на денешните целодневни мачни преговори.gruevski455

Тој рече дека извршниот комитет на партијата по подолга анализа се согласил на мало поместување на датумот за изборите откако добил неколку ветувања од меѓународната заедница и од лидерот на ДУИ Али Ахмети.

„Претставниците на ЕУ и САД нѐ убедија дека ова е единствено пролонгирање, дека изборите ќе се одржат на 5 јуни, до кога нема да има разноразни преговори за изборите, затоа што сега ДИК ќе има време да си ја заврши работата. Добивме уверување дека нема да има поставувања на никакви нови услови за одржување на изборите на 5-ти јуни вклучувајќи го и законот за медиумите. Нема да има некакви нови процени од ЕУ и САД за тоа дали има или не услови за избори. Ова е апсолвирано. Добивме и уверување од Ахмети дека на 5 јуни ќе има избори со или без СДСМ. Не може повеќе народот и државата да бидат заложници на СДСМ. Ова е последна шанса за СДСМ да излезе на избори и да го погледне во очи народот“, рече Груевски и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ направило и премногу компромиси, но дека тоа се должело на нивната верба во народот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1