Груевски ги посети повредените во тетовската градска болница


Правиме се што е во наша моќ да помогнеме на луѓето во погодените места, мобилизирани се сите можни институции, изјави вечерва премиерот Никола Груевски од Tетово, каде допатува одма по силното невреме

Премиерот ја посети Голема Речица каде штетите од поплавите се огромни.  Тој излезе да направи увид директно од терен, поразговара со надлежните и граѓаните. По разговорот со жителите, премиерот Груевски заминал во болницата во Тетово, каде се хоспитализирани повеќе лица погодени од поплавите.

tetovo bolnica

Toj изразил сочувство до семејствата на настраданите и истакнал дека сите капацитети на државата се ставени во функција на полесно справување со последиците.

 

Груевски рече дека одма откако ја примил информацијата дека се има случено ваква несреќа во Тетово и тетовскиот регион, веднаш најпрво телефонски се што требало и што можело да организира да се помогне на луѓето го напраивил тоа, се слушнал со неколку десетици луѓе кои што на некој начин имаат одредена одговорност или можност да помогнат.

– Веднаш потоа тргнав овде за Тетово заедно со потпретседателот Пешевски, со министерот за одбрана Јолевски, министерот за внатрешни работи Чавков и бевме во Голема Речица, таму состојбата е лоша. Се видов со еден голем дел од месното население, ми раскажаа како точно се случило, дека всушност станува збор за излевање на реката заради надојдени води и дека има жртви. Во оваа прилика дозволете да изразам сочувство за семејства на жртвите. Слушнав дека најлоша е состојбата во Шипковица. После Голема Речица и средбата со граѓаните, дојдов овде во болницата каде поразговарав со директорот, ми кажа дека тука биле донесени две лица кои починале и уште девет повредени од кои едно е задржано овде во тетовската болница, другото е пратено за Скопје заради потешко повреди, рече Груевски.

– Навистина жалам за сето ова што се случи, правиме се што можеме, имаме направено максимална мобилизација на сите можни институции, како на цетрална власт, така и општинската власт е максимално мобилизирана, распространети сме на сите страни, прави се што е во наша моќ да помогнеме на луѓето во погодените места, рече Груевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1