Груевски: Голем број наши функционери извршија класично предавство на партијата


Кажавме јавно дека на последните локални избори имаше масовен поткуп подржан од полицијата, многу притисоци, закани, уцени и заплашувања. И заради тоа ВМРО ДПМНЕ не ги призна изборите, тие се едни од најнедемократските избори во Македонија. Кажавме и дека дел од нашето членство беше разочарано од раководството на партијата и заради тоа не гласаше, изјави Никола Груевски на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Пред два дена централниот комитет го усвои извештајот на работната група за анализа на изборите. Таму се внесени уште поголем број грешки и пропусти на сите, од мене како претседател и ИК, па надолу до ОК, МК и КИМ овите. Од кадровски одлуки па до грешки во политиките или органзиациско оперативни пропусти. Тој извештај ќе биде од голема корист за новото раководство, уште повеќе што и кандидатот за претседател на партијата беше дел од работната група. Сепак, морам да издвојам една работа која мора да биде кажана, колку и да боли. И во моите средби со кандидатите за градоначалници, и оние кои победија и оние кои загубија, и во моите средби со претседателите на ОК, и на средбата со група ветерани на партијата, и во писмените матерјали кои пристигнаа од цела Македонија за целите на оваа нализа, провејуваше, да не речам и доминираше зборот предавство, рече Груевски.

Чувството и информациите од сите страни беше дека по подолг временски период, голем број наши функционери, на различни нивоа, од различни мотиви и цели, извршија класично предавство на партијата, и тоа има значаен удел во крајниот резултат.

-Велам од некои, се разбира не сите, но некои претседатели или членови на МК, претседатели или членови на ОК, поранешни и сегашни државни или партиски функционери , активисти со задача, набљудувачи, итн заради различни причини направија предаство на партиските интереси. Некои тоа го направија заради влошени односи со кандидатите за градоначалници, и сакајки ним да им наштетат,тие и наштетија на партијата,… некои затоа што не биле избрани за кандидати на листи или за градоначалник, некои заради остварување на некој личен интерес од новата власт, некои заради пари и поткуп, некои заради страв да не бидат казнети или избракани од работа, некои заради некоја лутина кон некој претседател на МК, или затоа што му биле звршени 5 работи, ама не му била завршена 6-тата која ја замислил, некои заради пазарење за вработување или нешто слично со СДСМ, што во 99 осто случаи нема да се оствари и слични работи, но, крајниот исход е предаство на партијата од голем број поединци на значајни позиции. Се знае точно се, сите и секаде. Со име и презиме. Јасно е ако претседател на МК свикал прв состанок на МК дури на 7миот ден од кампањата, дека станува збор за свесна пасивизација, а уште повеќе ако другите претседатели на МК кажат какви понуди или закани добиле и ги одбиле за и тие да се пасивизираат.
Многу интерни податоци и списоци со информации се најдоа во рацете на нашиот политички противник. Како никогаш до сега. И тоа не е случајно. Откривме и дека СДСМ имале операција со кодно име ВМРО, со претходно добиени списоци на наши членови и функционери по разни основи, и истите биле посетувани во три фази, од јуни до октомври. Ваква провала се случува прв пат во последните 15 години, рече Груевски.

Новиот претседател и новото раководство не смее да го игнорира ова, порача Груевски.

-Ден порано, треба да превземе енергични мерки за казни и остранување на лицата кои постапиле несоодветно. Ако не го направи тоа, ќе се повтори истото на наредните избори и може пак да ги загубиме. Кој еднаш вака направил, пак ќе направи. Потребно е добро да се проверат сите факти и информации за некој да не настрада по грешка, но потоа треба да се делува без двоумење и одлучно. Исто така потребна е замена на демотивираните и опуштените со мотивирани членови на раководни партиски места, заклучи Груевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1