Груевски и Бајрам шутираа пенали (Видео/Фото)


На отворањето на новото повеќенаменско спортско игралиште во скопската населба Шуто Оризари, премиерот Никола Груевски и градоначалникот на општина Шуто Оризари, Елвис Бајрам, денеска откако ја завршија церемонијата, си шутираа пенали.

gruevski sutira penaliГруевски и денеска шутираше прв. Тој упати топка кон голот на градоналалникот на Шуто Оризари, Елвис Бајрам. Потоа, шутираше и Бајрам, известува Телма.

– На ова повеќенаменско игралиште може да се игра фудбал, кошарка, ракомет и други спортови. Игралиштето е оградено и осветлено за да може да се употребува и во вечерните часови.

За негова изградба Владата издвои 7 милиони денари – истакна премиерот Никола Груевски, најавувајќи дека наскоро ќе почне изградбата на спортска сала во центарот на општината.

Видеото тука.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1