Груевски и Иванов – Народот покажа што поддржува


Груевски: Има разлика – Иванов 437.109, Пендаровски 317.320

ivanov gruevskiДенеска Македонија покажа дека има разлика и дека народот точно ја препознава разликата. Ова е недвосмислено изразена волја на граѓаните која покажува какви вредности поддржува и дека поддржува труд, работа, чесен живот кон народ и работа, одговорност, посветеност кон целите на довербата.

На прес-конференција, Груевски нагласи дека во првиот круг на изборите победил нивниот кандидат Ѓорге Иванов со убедлива поддршка од 436 илајди гласови и со разлика од противкандидатот на СДСМ Стево Пендаровски од околу 118 илјади гласови.

– Познавајќи го Иванов знам дека тој ќе биде претседател на сите граѓани. Пред нас се уште 12 изборни дена. Ние ќе се бориме за секој глас и секому да му ги доближиме нашите проекти, нашите вредности, нашите планови за наредните четири години. Ние и Иванов ќе се бориме да ги објасниме сите наши проекти. Успеавме во овој период да искомуницираме со граѓаните околу педесетина проекти, а имаме 2.046 проекти. Се надевам дека граѓаните кои во овој период апстинираа и оние кои гласаа за другите кандидати ќе видат доволно добри аргументи за да ни ја дадат поддршката на 27 април и оти во нас ќе видат сојузник за подобра иднина на Македонија, потенцира Груевски.

„Денеска народот поддржа јасен концепт, наспроти нестабилноста, лагите и навредите. Денеска народот им одговори што мисли за претседателските понуди на партиите. На 27 април граѓаните ќе одговорат на уште едно прашање. Ќе одговорат со уште поголема поддршка и ќе кажат што мислат за нашиот тим“, рече Иванов.

Тој додаде дека граѓаните имаа избор кој ќе подолжи да работи за нивната иднина и рече дека огромната поддршка добиена денеска значи многу и дава сила да се продолжи понaтаму со цврста определба за реформите и делата кои ќе продолжат да се реализираат.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1