Груевски и лекарите разговараа до 23 часот – се договориле да се договорат


Пред малку завршила средбата на лекарите од Клинички кои штрајкуваа и премиерот Никола Груевски.Како што пишува Нова Македонија, на средбата беа присутни и преставници на вториот синдикат кој не го поодржува штрајкот.

Единствена тема било плаќањето по учинок, што им е главна болка на лекарите.

Конкретен договор на вечерашнава средба немало. Се договориле само да има и други средби. Владата прифатила мали отстапки од проектот но не се откажала од концептот плаќање на лекарите по учинок. Она за што Владата ќе размислува е можноста да се интервенира во делот на бодувањето за плата, пишува весникот.

За покачување на платите на лекарите ќе се разговара на друга средба.

Синдикатот од Клинички го продолжува штрајкот се до конечно утврдување на начинот на кои лекарите ќе земаат плата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1