Прва помош при забоболка


Расипаниот заб е примарна причина за забоболка кај повеќето деца и возрасни. Бактериите кои живеат во вашата уста се хранат од шеќерите и скробот кои се внесуваат со храната. Овие бактерии формираат леплива плака која се прицврстува за површината на забот.

Киселините кои ги продуцира самата бактерија, можат да ја нагризат цврстата облога на забот, креирајќи кавитет. Првиот знак на расипан заб може да биде чувството на болка кога јадете нешто благо, нешто многу жешко или ладно.

Доколку не сте во можност веднаш да заминете кај стоматологот еве неколку совети како да си ја олесните болката додека да дојде ред за на забар.

Совети за домашно лекување

– Исплакнете ја устата со топла вода (не жешка)

– Аплицирајте антисептик (апче) дирекно на заболениот заб и на непцето околу него за олеснување на болката.

– доколку држите ладно на образот тоа за момент ќе ја смири болката која се манифестира со чуство како забот да ви пулсира

– Употребете дентален конец за да ги отстраните остатоците од храна помеѓу забите

– Земете некој аналгетик за да се ослободите од болката

Веднаш јавете се на стоматолог доколку:

– Имате знаци на инфекција, како на пример оток, болка при џвакање или воспалено непце

– Болката перзистира повеќе од два дена

– Имате забоболка пропратена со треска

– Имате тешкотии со дишење и голтање

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1