Мајката и братот на починатиот Мартин Нешковски вчера побараа средба во Владата на Република Македонија.
Премиерот Никола Груевски и министерката за внатрешни работи веднаш донеле одлука да бидат примени на средба.
-Министерката Јанкулоска веднаш издаде наредба до командирот на полицијата да ја отвори заштитната ограда за да може во Владата да влезе мајката на Нешковски. Но, тоа веднаш беше злоупотребено. Толпа народ сакаше да влезе и тоа не можеше да се реализира, рече Груевски за Канал 5.
Вториот проблем кој премиерот го посочи е фактот што мајката на Нешковски побарала на таа средба да присуствуваат и медиуми, активисти и протестанти. Според Груевски, тоа укажува на други намери и ако мајката навистина сакала да разговара со него или со Јанкулоска немало потреба од присуство на останатите.