Груевски ќе остане без пратеничката плата


Поранешниот премиер Никола Груевски ќе остане без пратеничка плата – ова е клучната измена на законот за плати на избрани и именувани којшто група пратеници побараа да се стави како дополнување на дневниот ред на денешната пленарна седница.

Мнозинството изгласа проширување на дневниот ред, иако спикерот Џафери ги опомена дека тој закон е поднесен во процедура надвор од рокот во кој се заклучил дневниот ред на седницата.

Според информациите на тв 24, измената гласи дека пратеник што е осуден над шест месеци затвор, го губи правото на плата, а поранешниот премиер Никола Груевски со правосилна пресуда е осуден на 2 години затвор во случајот „Тенк“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1