Во наредните шест месеци Никола Груевски ќе се води како неоправдано отсутен пратеник и ќе зема за пет отсто помала плата или околу 3000 помалку.
На координацијата засега е утревдено дека не постојат услови за веднаш да му го одземе мандатот на Груевски. По изминувањето на шесте месеци неоправдано отсуство на Груевски, повторно ќе го стават на дневен ред одземањето на неговиот пратенички мандат. Според Деловникот, Собранието може да го одземе мандатот, ако пратеникот е регистриран за неоправдано отсутен шест месеци. Тоа значи дека по истекот на рокот од половина година, повторно ќе биде побарано одземање на мандатот на Груевски, но и тогаш Собранието ќе треба да го утврди тоа со двотретинско мнозинство.
Ова се заклучоците од денешната координација кај собранискиот спикер Талат Џафери.
Собранието минатата недела не успеа да го обезбедни потребното 2/3 мнозинство за да му биде одземен мандатот на Груевски, кој е во бегство во Унгарија и каде бара политички азил.