Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска во Охрид го оцени настанот со венецот за новинарот Борјан Јовановски како лудорија и безобразна манипулација на опозицијата.
– Така провидно и монструозно е тоа што самите си го направија да човек може само да замисли на што уште се спремни овие луѓе. Па уште глумат демек лути се, па носат венец во Владата, па Заев држи прес за медиуми, па завршува дека ќе имало венец на слободата и слично. И после ајде сите актери на частење во Сорос… по наградата, рече Груевски.