СДСМ во Гостивар објави нови прислушувани телефонски разговори


СДСМ на денешната прес-конференцијата во Гостивар објави аудио снимки од наводни телефонски разговори на министри и други високи државни и фукционери од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.sdsm640nasa

Во рамки на „26. бомба”, како што ја нарекуваат од СДСМ, беа емитувани наводни прислушувани телефонски разговори на премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, пратеникот Антонио Милошовски, Влатко Чинговски поранешен директор на ЕЛЕМ, Дарко Димитриевски поранешен пратеник, Сашо Аќимоски актуелен пратеник, Александар Левковски директор на ХЕЦ Маврово, Мартин Протуѓер, Драган Павловиќ -Латас, Горан Иванов, Муса Џафери, Фатмир Бесими, Силвана Бонева, Онер Јакупоски директор на Национален парк “Маврово”.

Според претседателот на општинската организација на СДСМ Благојче Трпески, тие разговори се однесуваат на локалните избори, на Законот за бранителите, за, како што рече, злопупотреби во ЕЛЕМ и за договарани селективни вработувања.

За попладнево околу 18 часот, СДСМ најави марш по гостиварските улици, кој ќе заврши со митинг на граскиот плоштад.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1