Анкетната комисија в среда на 9 декември ќе го сослуша Никола Груевски, потоа в четврток Мартин Протуѓер и Зоран Ставрески, на 11 декември Сашо Мијалков, на 14 декември Гордана Јанкулоска, а на 15 декември Миле Јанакиески, најави денеска претседателот на комисијата Петре Шилегов.
Според Шилегов, седниците ќе се одржуваат секој ден од 11 часот до кога ќе трае сослушувањето на сведоците. Воедно овој распоред, како што наведе, согласно деловникот е јавен повик до лицата во посочените термини да се јават пред Анкетната комисија и да дадат сопствена изјава за фактите, околностите, меѓутоа и за содржината за објавените прислушкувани разговори.
Од ВМРО ДПМНЕ реагираа дека постојат деловници за работа и тие мора да ги почитува и Шилегов, без оглед, како што наведуваат на неговите автократски аспирации. Сам закажува, сам откажува седници и сослушувања, како целата Анкетна комисија да е негова приватна сопственост и играчка, се вели во реакцијата на владејчката партија.