Груевски: Нема планови за масовни собири и крвави сценарија


Политичките партии и нивните работни групи се во постојана комуникација со олеснувачот, а од интерес на Македонија е да се спроведе договореното во Пржино, смета премиерот Никола Груевски.

„Работните групи се во постојана комуникација со олеснувачот. Наш интерес и интерес на државата е да има спроведување на договорот и ние сме многу посветени на тоа, колку што е можно побрзо да се случи“, рече премиерот Груевски, на прес-конференција на која го претставуваше Извештајот на Дуинг бизнис 2016gruev543

Тој го поздрави ангажманот на амбасадорите во Македонија кои порачаа политичките партии што побрзо да ги откочат преговорите за излез од политичката криза.

За неговиот твит којшто се појави неколку часа по изјавата на амбасадорите, Груевски рече дека не е во колизија со нивната изјава, туку тоа е вистината, на избори е народот тој што одлучува.

„Мојот коментар не е ништо друго туку потврда на тоа што е реалност кога доаѓаат изборите. На изборите одлучуваат граѓаните и воопшто не е во колизија со напорите што ги прават претставниците на меѓународната заедница, да и помогнат на македонија за побрзо да се надмине сегашната ситуација во преговорите“, рече Груевски.
Одговарајќи на новинарско прашање, Груевски порача дека нема план за организирање на масовни собири, а дека крвави сценарија никогаш не биле дел од политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

„Засега немаме таква одлука, во смисла на организирање јавни собири, а за крваво сценарио, ниту некогаш сме помислиле, ниту некогаш ќе помислиме. Можеби некој друг тоа го помислува, но сигурно тоа не е и нема да биде ВМРО-ДПМНЕ, рече Груевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1