Извршниот Одбор на СДСМ застана зад позицијата на Заев- пратениците нема да ги прифатат мандатите кои ги добија на изборите на 27ми април.
За премиерот Груевски политиката на СДСМ е штетна не само за државата туку и za самата партија па ги повика да ја преиспитаат својата одлука.
Ако е извесно дека вечерва Централниот одбор ќе ја потврди деструктивната политика на Заев поради блискоста на мнозинството делегати до актуелното раководство, се погласни се информациите за сериозен внатрешен притисок кон Заев за признавање на лошиот партиски резултат.
Според последните неофицијани информации на 11 мај СДСМ ќе одржи партиски конгрес на кој покрај верификувањето на одлуката за мандатите ќе се одлучува и за доверба на лидерот.
Sitel