Груевски: Оставам институциите да ги утврдат фактите


Moите сознанија ги презентирав, оставам институциите да ги утврдат фактите, како што веќе имаме една пресуда поврзана со овој случај во кој е дадено признание дека се соработувало со странска служба, одговори премиерот Никола Груевски на прашањето дали е загрижен поради рекацијата на Европската унија поврзана со сознанијата за прислушување и на странски дипломати во Македонија.

nikola-gruevski-foto

-Не треба да се брза со оставки, треба судскиот процес да заврши, да се утврдат фактите, а потоа да се размислува за евентуални одлуки, рече Груевски на прашањето дали во Владата се размислува за оставки.
Во врска со обвинувањата дека  тој и министерот Миле Јанакиески носеле самостојни одлуки за уривање на комплексот „Космос” Груевски рече дека И самиот сопственик Фијат Цаноски даде изјава дека има незаконски работи во изградбата на објектот.
-Значи, станува збор за чиста законска постапка на институциите во врска со оваа градба, изјави премиерот.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1