Груевски: Помали трошоци за фирмите за водењето на канцелариското и архивско работење за фирмите


Нова поволна мерка за бизнис секторот особено за делот на малиот и среден бизнис која ќе значи значително олеснување на работата и намалување на трошоците, најави денеска премиерот Груевски од Охрид.

Со измените и дополнувањата на Законот за архивско работење усвоен на Влада ќе се изврши поедноставување на канцелариското и архивското работење за приватните субјекти, односно:

dokumenti

-Физичките лица и правните лица од приватниот сектор со помалку од 50 вработени ќе бидат ослободени од законската обврска за водење на канцелариско и архивско работење согласно одредбите од овој закон. Сите физички лица, трговци поединци, занаетчии, друштва со ограничена одговорност и други правни лица кои имаат до 49 вработени во иднина ќе немаат никаква обврска за водење на евиденција ниту пак да вршат архивирање согласно одредбите од Законот за архивски материјал. Единствена обврска ќе биде да се архивира материјалот кој е од трајна вредност за Република Македонија, науката и културата, при што Државниот архив ќе треба да утврди кои се иматели и кои документи спаѓаат во приватен архивски материјал кој треба да се архивира,што значи дека немаат никаква обврска во однос на законот, рече Груевски.

Правните лица со 50 и повеќе вработени ќе имаат обврска да водат единствено основна евиденција. При тоа законот дава можност самите да утврдат која евиденција ќе ја водат, односно можат наместо деловодник да водат своја евиденција која веќе име е воспоставена, а исто така и основните броеви можат да ги утврдат самостојно онака како што веќе ја имаат воспоставено евиденцијата, а не задолжително да ја користат номенклатурата на државниот архив. Со тоа ќе се воспостави законски основ приватните фирми својата електронска евиденција која веќе ја имаат воспоставено и која ја водат пред се заради свои потреби, односно за следење на текот на работата да биде правно релевантна, а не да се оптоваруваат со дополнителна евиденција за чие што водење ќе се трошат непотребно ресурси и пари.

-Со измените на законот Државниот архив ќе биде обврзан да врши електронско архивирање на архивскиот материјал создаден во електронска форма, а не истиот да се конвертира во хартија за потоа да се архивира. Со овие измени, а како резултат разговорите со бизнис заедницата  се поедноставува постапката за канцелариско и архивско работење за физичките и правните лица, односно истите се ослободуваат од непотребно формализми и обврски кои се воведени уште во СРМ, изјави Груевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1