Груевски: Рушењето на Космос е чисто како солза


Никола Груевски во своето обраќање кон судот за случајот ТНТ истакна дека овој случај е политички монтиран и го оцени обвинението како апсурдно.

-И овој процес како и останатите случаи е политички за да бидам срушен од власт, рече Груевски.

-Јас сум обвинет како потикнувач на потикнувачот на потикнувачот, на потикнувачот, што е само по себе апсурдно. Сакам да укажам дека во моето работење како лидер на партија 14.6 години сум имал голем дел на соработници, но никогаш по престанокот на соработката не сум се осветил со нешто што е креирано или измислено, а не сум ни прифатил да прикривам незаконско работење, рече Груевски.

Екс-градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, на денешното рочиште во предметот „ТНТ“ рече дека во судска постапка ќе биде докажано дека инвеститорот го градел објектот спротивно на одобрението за градење односно констатирани се повеќе отстапувања во однос на одобрениот основен проект кој што е доставен од самиот инвеститор.

,,Во оваа судска постапка ќе докажеме дека во основниот проект кој што е доставен од инвеститорот и одобрен од општината прикажани се сите потребни висински коти, апсолутни и прикажано е дека за паркирање се предвидени и одобрени три ката подземни нивоа. Исто така прикажана е апсолутната висинска кота на плочата на приземјето +242.09м како и апсолутните коти на тротоарот, подземната вода, темелењето, проектираната улица,,

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески на денешното судско рочиште за ТНТ истакна дека судот ќе има лесна задача при носењето на одлуката бидејќи, како што рече објектот Космос бил законски срушен..

-Од доказите во предметот ќе докажеме дека се работи за класична дивоградба. Прекршен е законот за градење, односно изградено е едно ниво помалку, но и изградбата е почната пред законскиот рок, рече Јанакиески.

Тој истакна дека Цановски вака градел исклучиво заради финансиски причини од 1.2 милиони евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1