Македонија побара помош од Косово за спроведување на Законот – Од Косово и Албанија стигаат учители за албански јазик


Косовскиот заменик премиер Енвер Хоџај, на денешната владина седница информирал дека Владата на Република Македонија побарала помош од Косово за имплементација на двојазичноста во институциите во Македонија, по усвојувањето на законот кој овозможува поширока употреба на албанскиот јазик, пишува „Газета експрес“.

Хоџај на седницата кажал дека македонската влада го упатила барањето, со оглед на доброто искуство што го има Косово во приманата на двојазичноста, односно користењето на албанскиот и српскиот јазик како два официјални јазици на Косово.

„ Владата на Македонија, по усвојувањето на Законот за јазиците, побара поддршка од Владата на Косово и помош со цел да се примени двојазичноста во институциите и на други нивоа во Македонија, со оглед на доброто искуство што го има Косово“, изјавил Хоџај.

Тој додал дека Владата на Косово може да понуди таква поддршка и дека има политичка волја да ѝ се помогне на соседна Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1