Груевски сам со себе ќе се трка за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ – има само 1 кандидат


Само една кандидатура, онаа на актуелниот претседател Никола Груевски била доставена до партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ до рокот кој истече денеска во 15 часот, во пресрет на Конгресот на владејачката партија за избор на претседател кој ќе се одржи утре и задутре во Куманово, пишува Курир.gruevski

Според партиските извори на овој медиум, зад кандидатурата на Груевски застанале голем број на делегати, основачи на партијата, претседатели на месни и општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ, видни интелектуалци, како и делегати кои краток период биле надвор од партијата, а сега повторно се вратиле.

Викендов ќе се одржи петнаесетиот партиски конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Настанот ќе се одржи во Куманово, а на него ќе присуствуваат 560 делегати избрани по различни основи.На овој конгрес треба да се избере и претседателот на партијата, а рокот за поднесување на кандидатурата беше до денеска до 15 часот.Кандидатурите требаше да се достават во седиштето на партијата.

Право да предложат кандидат за претседател на партијата имаат најмалку 30 делегати на Конгресот.

Гласањето е тајно и треба да гласааат сите присутни делегати, без исклучок.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1