Груевски: Секој четврток учениците и студентите бесплатно во кино и театар!


Како дел од најавените мерки, премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, најави низа активности кои се однесуваат на младите лица во Република Македонија.

-Планираме продолжување на мерката за едногодишно ослободување од плаќање придонеси за работодавачите кои ќе вработат млади лица до 29 години, под услов да ги задржат на работа уште 12 месеци. За сите студенти, секој четврток во месецот ќе се овозможи бесплатен превоз во градските автобуси, железницата на Водно и железничкиот сообраќај во Република Македонија, истакна Груевски.

ivanov gruevskiОсвен тоа, рече тој, четврток ќе биде и денот кога студентите бесплатно ќе може да ги посетат театрите, музеите и кината во Скопје и во државата.

-Учениците и студентите во Република Македонија ќе имаат можност со 50 % попуст на билетот да ги користат услугите во патничкиот превоз на Македонски железници. Ќе воведеме бесплатен викенд, петок, сабота и недела, еднаш во месецот, за превоз на младите лива во железничкиот сообраќај во Република Македонија.Сите млади до 27 години ќе имаат право на бесплатен повратен билет на определен викенд во месецот, додаде тој.

Премиерот најави и отворање на дисперзирани паралелки на Скопската спортска академија. Ќе има спортска академија во Велес, Гостивар, Охрид, Прилеп, Штип, Струмица, Битола и Куманово.

-Ќе воведеме законска обврска за сите училишта, односно училишните спортски клубови да регистрираат екипи во најмалку 10 спортови, од кои најмалку 5 мора да бидат суперактивни и да се вклучени во системот на натпревари во рамките на училишниот спорт. Дополнително, ќе ангажираме професионални тренери за поддршка и развој на училишниот спорт во Македонија, рече Груевски.

Како дел од целта за следните 4 години, тој истакна дека сака што повеќе млади да се вклучат во училишниот спорт и целта е тоа да биде 36% од младите во училиштата.

Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1