Жители на Стајковци објавија фотографии како претседателот на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски во текот на целиот ден непосредно им помагал на во расчистувањето на псоледиците од катастрофалното невреме кое во саботата го зафати скопскиот регион.
Од објавените фотографии на локални жители може да се забележи како Груевски рамо до рамо со настраданите во поплавите дејствувал во насока на чистење на калта, вадење на оштетен мебел и друга покуќнина од поплавените домови.
–Немаа камери, ама јас ги фатив. Браво, вакви луѓе ни требаат, напиша една од жителките на Стајковци на социјалните мрежи.