Груевски за документот на Викиликс: Јалови обиди и глупости


Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ги оцени како „јалови обиди на власта“ и „глупости“ информациите објавени од Викиликс во кои се наведува дека македонските власти уште во 2008 година, кога тој ја предводеше владата, го прифатиле името „Република Северна Македонија“.

– Ова се јалови обиди на власта, и веројатно ќе има уште многу вакви. Тие се сега во кампања и ќе се изнаслушаме разни глупости. Јасно е зошто сум во суд и зошто ми се случува овој класичен политички прогон и тортура. Ако се согласев со Грците друга ќе беше песната, ја сум човек со принципи и достонство, рече Груевски на прес-конференција во Собранието на Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1