Груевски: Заев да може би ме удавил во капка вода, а не пак да ми помогне да побегнам


Порталот Инфомакс објави разговор со еден од посетителите на поранешниот премиер Никола Груевски.

Соговорникот, како што пишува порталот, ги пренесува ставовиве на Груевски поврзани со неговото бегство, состојбите во ВМРО-ДПМНЕ, релациите со Зоран Заев, како и судските процеси што се водат против него. Груевски како политички азилант престојува во Унгарја, откако избега од земјава за да не оди во затвор.

Груевски не открил како ја напуштил Македонија. Кажал само дека се лажни шпекулациите дека Унгарија или било која друга земја или разузнавачка служба му помогнале да излезе од Македонија. Кажал дека многу лесно и едноставно ја напуштил земјата и дека многу внимавал да не инволвира некого од луѓето околу него, кои би биле меѓу првите на кои би се посомневале дека му помогнале да замине од земјата, како на пример обезбедувањето или негови блиски роднини, пријатели и соработници.

За шпекулациите дека токму Заев му помогнал да избега само прокоментирал:

„Заев да може би ме удавил во капка вода, а не пак да ми помогне да ја напуштам земјата“

Порталот пишува дека Груевски во Будимпешта е сместен кај пријатели и дека е таму како нивен гостин.

Повеќе на – Инфомакс

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1