Груевски: Заев е обичен измамник и ништо повеќе од тоа!


Зоран Заев кажуваше дека смети оти Господ го црпнал од нива за да ја спаси Македонија, тој не е ниту црпнат од Господ ниту е некаков спасител. Зоран Заев е еден обичен измамник, и тоа е се, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и носител на ИЕ 4, во својот говор во Неготино.gruevski-resen

Овој народ, додаде Груевски, нема да дозволи таков човек да ја води Македонија и да ја носи во правец кој не е добар.

-Го слушаме како низ Македонија зборува интересни работи, а заборава што прави во Струмица. Го слушаме како зборува дека ќе ја спасел Македонија од иселување. Како ќе донел многу нови фабрики и многу нови бизниси ќе започнеле и ќе се отвореле многу работни места. Тој во Струмица беше ветил дека ќе направи една индустриска зона и ете ја стои празна, овци пасат на неа. Ни фабрика ни бутур, ни работно место ниту ништо. Да не ја однесевме ние Џонсон Контролс која сега гради фабрика во Струмица немаше да знаат што значи така крупна и голема инвестиција која ќе вработи над 1500 луѓе. Исто така кажува дека на граѓаните ќе враќал по 15% од ДДВ, да враќаше до сега на струмичани ДДВ за време на овие 11-12 години, па ајде малку да се замислевме и да му поверувавме…Ама тој е на власт веќе 12 години во Струмица, што им вратил на луѓето? Ништо! Еден денар не им вратил, рече Груевски.

Не е тој по давањето, додава, по земањето е, тоа го видовме.

-Или пак оние приказни дека просечната плата ќе пораснела на 500 евра па и мажот и жената ќе земале по 500 евра. Добро, ајде да видиме колку земаат вработените во неговите компании. Вработените во неговите компании се на минималец по 8-9000 денари. На кого кажува тој дека ќе дава по 500 евра, што не им даде на неговите луѓе по 500 евра. И тие луѓе како што вика, сакаат да одат на годишен одмор, вели Груевски.

Не треба да се верува, продолжува Груевски, на човек кој е докажан во не исполнување на неговите ветувања. Докажан дека од ракав знае се да вети. Се што ќе му падне на памет, или некој ќе му каже нешто па интересно ќе му се види. Се ќе ви вети. Од тоа после ништо. Појдете во Струмица па видете дали таму луѓето не се иселуваат, дали имаат толку многу работни места и плата по 500 евра.

-Затоа да се вратиме на она што е реално, а реална е програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција за подобра Македонија. Затоа што проектите во неа се прецизно пресметани и реално може да се исполнат, заклучи Груевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1