Групата „Бернајс пропаганда“ добила средства за концерт без да знае за тоа


Македонската филхармонија доби 4.600 евра од Министерството за култура за концерт со групата „Бернајс пропаганда“ кој е планиран за 27 април оваа година, Но, од „Бернајс пропаганда“ велат дека воопшто не знаат за овој концерт и дека не потпишале никаква апликација, објави српскиот портал „Равно до дна“.

Од таму наведуваат дека засега е непознато зошто воопшто е искористено името на угледниот македонски инди-рок состав со меѓународно реноме. Васко Атанасоски, гитарист од групата, рекол дека никој од нив не побарал писмена согласност за аплицирање за добивање средства за концерт од Министерството за култура. Тој рекол дека групата подготвува тужба.

Атанасовски рекол дека додека Маја Чаначевиќ била директорка на Македонската филхармонија минатата пролет во неколку наврати ги контактирала за да се разгледа можноста за концерт. Во меѓувреме, Чаначевиќ е сменета од функцијата, а на нејзино место е поставен Виктор Илиевски.

„Вчера Министерството ги објави резултатите и зачудено гледаме што се случува. Се јавивме телефонски во Филхармонија, но и тие беа изненадени затоа што не знаеја ништо за тоа. Подоцна ни кажаа дека некој испратил апликација во наше име, но не знаат кој“, изјавил Атанасовски за „Равно до дна“.

Тој додал дека ја побарале апликацијата и целата документација од Филхармонија, но засега не добиле ништо.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1