Групна тепачка во Аеродром: Едно лице тешко повредено


Две момчиња синоќа биле претепани од неколку непознати лица во слаткарница на улица „Владимир Комаров“ во скопската населба Аеродром.kapitol aerodrom policija nokj

МВР соопшти дека околу 22.20 часот Ф.Ц.(19) и А.М.(20), без повод и причина, физички биле нападнати од пет- шест непознати машки лица, кои биле гости во слаткарницата. Ф.Ц. и А.М. биле пренесени во болницата „РеМедика“, каде на Ф.Ц. му се констатирани тешки телесни повреди.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1