Групна тепачка во Градскиот Парк – приведени 8 лица!


Осум тинејџери стари меѓу 16 и 18 години се приведени во полициската станица „Центар“ откако учествувале во големата тепачка која се случила на вчерашниот кошаркарски натпревар помеѓу јуниорите на Работнички и на ФМП, а во која покрај актерите на теренот учествувале и дел од навивачите кои биле на трибините, јави порталот Спорт медиа.

fight– Имаме пријава за нарушување на јавниот ред и мир во салата во Градскиот парк и тоа околу 22 часот на кошаркарски натпревар за млади играчи. Седуммина од приведените беа малолетни и од нив е земена изјава во присуство на родителите. Пријавените ќе добијат прекршочна пријава според Законот за спречување насилство и насилничко однесување на спортските терени. Но, со тоа нема да заврши случајот, бидејќи во тек е препознавање на останатите учесници во тепачката, кои ќе бидат санкционирани на идентичен начин – изјавила Лиза Бендевска, портпаролка во СВР Скопје за порталот.

Тепачката се случила пред крај на натпреварот.

Повеќе на – Спортмедиа.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1