Според пишувањето на „Вол Стрит Џурнал“, компанијата Гугл без дозвола собира детали од здравствените податоци на милиони граѓани на САД.
Гугл за тоа не ги известил ниту граѓаните ниту докторите, а податоците ги презема од „Ascension“, што претставува втор најголем здравствен систем во САД.
Гугл собира информации од резултат на лабораториски испитувања, дијагнози и дневници за хоспитализација. Исто така, собира податоци од историјата на здравјето на поедини лица со нивните имиња и датуми на раѓање.
Гугл овој проект го нарекува „Nightingale“ и крајната цел е креирање на софтвер воден од вештачка интелигенција, кој како што наведува „Вол Стрит Џурнал“, ќе служи за идните апликации за следење на здравјето и општата состојба на корисникот.