Гугл лансираше балони кои ќе однесат интернет во секое ќоше на светот (Видео)


Компанијата Гугл лансираше балони кои ќе обезбедат интернет и на оние места каде на поинаков начин пристапот до интернет е невозможен!

Google Internet Balloon30 балони се пуштени од Нов Зеланд, ќе се движат над Земјата на ограничено подрачје по контролирана патека.

Балоните се мобилни и поради тоа пристапот до интернет е со прекини, но од Гугл се надеваат дека ќе можат да пратат повеќе балони за посигурна интернет врска за луѓето кои живеат во оддалечените подрачја – јавува Би Би Си.

Проектот се уште е во експериментална фаза. Секој балон носи радио антена, систем за контрола на висината, соларни панели.

Балоните над Земјата ќе останат околу 100 дена и ќе обезбедат поврзаност за корисници во радиус од 40 километри.

На овој начин може да се обезбеди пристап до интернет за број на луѓе кој е навистина голем, бидејќи две третини од светската популација нема пристап до интернет!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1