И Македонец во Гуча – ќе се натпреварува за прва труба


Пехчево се подготвува за македонската Гуча. Годинава македонскиот претставник на фестивалот кој е синонимот за трубата и лудата забава на Балканот, Гуча, ќе се бира на Фестивалот на дувачки инструменти во Пехчево. На единствениот фестивал во Македонија посветен на традицијата на дувачките инструменти кој годинава по трет пат ќе се одржува во Пехчево, веќе се дефинираа критериумите.

guca makedonecЖивко Каликов, односи со јавност Општина Пехчево вели дека прво наградените ќе добијат златна труба и дирекно учество на фестивалот во Гуча. Второнаградените ќе добијат кларинет, додека третонаградениот оркестар ќе добие тапан.

Фестивалот во Пехчево има долга традиција, но веќе три години е во организација на Општината со намера да се афирмираат дувачките оркестри, но и да се збогати туристичката понуда од оваа мала малешевска општина и во комбинација со природните раритети во летниот период да прерасне во атрактивна туристичка дестинација.

Инаку, фестивалот е посветен на празникот на градот, пехчевски Павловден, трите фестиваски денови  ќе бидат збогатени и со традиционалниот саем на домашни ракотворби и традиционална храна.

Star on line

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1