Сите другарчиња од одделението ги избричиле главите како поддршка за болното другарче (Видео)


Десетгодишниот Травис Слинка неодамна ја загубил целата коса како резултат на третманот со радијација за лекување на рак на мозокот и бил загрижен за реакцијата на другите.Тој неодамна дозна колкава е моќта на пријателството.

Неговата мајка вели дека Травис бил загрижен за тоа што ќе кажат другте деца кога ќе го видат.

deca izbriceni glavi-Беше малку загрижен за враќањето на училиште само затоа што немаше коса. Се плашеше што ќе мислат другите деца, изјавила мајката на Травис.

Во знак на поддршка, петнаесет пријатели на Травис си ги избричија главите.

-Без јас да знам, едно од момчињата со неговата мајка испланираа се. Сите тие се убави прекрасни луѓе, изјавила учителката.

-Петнаесет деца влегоа во берберница, 15 мажи излегоа. Секој пат кога ќе помислам на тоа, ми се полнат очите со солзи, рекла мајката на Травис.

Постапката на пријателите му го олеснило враќањето на Травис во училишните клупи. Сакам многу да им се заблагодарам што го направија тоаа изјавил Травис за телевизијата Fx 5 Сан Диего.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1