Ѓулен повторно негира дека има каква било врска со убиството на амбасадорот Карлов


Муслиманскиот проповедник Фетула Ѓулен денеска повторно го осуди убиството на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, и ги отфрли обвинувањата на турските власти дека зад ова убиство стои неговото движење.gjulen-640x294

Во видео пораката, што е доставена до агенцијата АП, Ѓулен ја обвинува турската Влада за клевета против неговото движење и предупреди дека е можно владата да посредува во други убиства и потоа за нив да ги обвинува неговите следбеници.

-Тие не можат да го убедат светот во таквите обвинувања, истакна муслиманскиот свештеник, кој живее во егзил во Пенсилванија,САД, а кого Анкара го обвинува и за организирање на неуспешниот обид за воен преврат во јули во Турција.

Амбасадорот Карлов во понеделникот беше убиен со пиштол од страна на поранешен турски полицаец додека, во една галерија во Анкара, држеше говор на отворање на изложбата на фотографии „Русија во очите на Турците“.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека овој полицаец бил поврзан со движењето на Фетула Ѓулен.

Свештеникот уште во понедленикот, само неколку часа по убиството, го осуди атентатот врз рускиот амбасадор во Турција, нарекувајќи го „гнасен чин на тероризам“ и ја повика турската Влада да го идентификува секој кој бил поврзан со напаѓачот, пренесоа британските медиуми.

„Со најсилни зборови го осудувам овој гнасен чин на тероризам“, напиша Ѓулен во своето соопштение.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1