Ѓурковиќ: Бинационална Македонија на долг рок значи создавање на Голема Албанија


Спрскиот новинар, филозоф и аналитичар, Миша Ѓурковиќ, во дебатна емисија на РТС, посветена делумно на ситуацијата во Македонија и политичката криза настаната со Тиранската Платформа, анализира дека Фрчкоски кој во своја колумна од пред две недели најави и инсистираше на вакво насилно сценарио за гласање на Претседател на Парламентот од страна на СДСМ, кое е надовор од процедура и закон е наговестувач и советувач на СДСМ за насилството што тие го направија во Четвртокот врз државата и нејзините закони.photo-drustvo-ljudi-lica-Djurkovic_01_u_708510357

„ По процедурата која е пропишана и со закон и со деловникот за работа на Парламентот, прво мора да се избере така наречената Комисија за именување, која потоа го предлага Претседателот на Парлментот, односно на Собранието. Тоа не се дозволуваше, т.е. ВМРО не даваше и со полно право спроведуваше така наречена опструкција, барајќи целиот пакет решенија да се врзе со нови избори, вели Ѓурковиќ, кој понатаму продолжува: – Зошто е тоа битно, тие се поврзани со фактот дека Македонија секако мора да излезе на локални избори, чие распишување веќе доцни и најлогично во ново настанатите услови би било да се распишаат и парламентарни избори за граѓаните да се изјаснат околу тоа што го нуди Тиранската Платформа.

Ѓурковиќ вината за насилството во Собранието го наоѓа во опозицијата и во нејзините потткнувачи за ваквиот вид на насилно сценарио, како Фрчкоски.

-Опозицијата стана многу нервозна и јас постојано го потенцирам тој наговестувачки напис на господинот Фрчкоски, бивш министер за внатрешни работи, за порталот Либертас од пред две недели, кој најави и инсистираше на таков вид насилно превземање на институцијата Собрание, каде многу прецизно и рече на опозицијата односно на СДСМ и на оваа коалиција и тече времето,  времето не работи за нас треба, го цитирам „ да го фатиме за уши сегашниот Претседавач, да го тргнеме и тука да го поставиме Џафери.

Суштната е Македонскиот народ, односно неговото Собрание да прифати дека над Албанците е направен геноцид, дека тие се вештачки доведени до ниво на малцинство и во согласност со тоа да им се врат статусот на конститутивен народ, исто како и Македонците, тоа и Села и другите Албански пратеници на големо го зборуваа дека тие се мнозински, и вчера господинот Сафер во емисија кажа дека „Па мнозинство се тие не се малцинство“ , тоа е многу битно и за мене е скандалозно како Заев  политичките партии на Македонците прифаќаат да ја навлечат стигмата на својот народ и со тоа фактички да го изменат Уставот, потенцира Ѓурковиќ.

И тоа е другиот дел, продолжува тој , „ измена на Уставната рамка на Македонија, со што се отвара можност за целосна федерализација на Македонија, бидејќи еве што се говори таму, не само резолуција за геноцид, туку и проширување на јазикот, не само таму каде што Албанците живеат со 20%, туку на целата територија на Македонија.

Ѓурковиќ вели дека Тиранската Платформа предвидува и отварање на дијалог за сите останати симболи, дефиниции на државата, тоа како воопшто ќе се дефинира таа, од унитарна држава да се претвори во бинационална држава, што според него ќе отвори пат за федерализација, кантонизација и долгорочно гледано создавање на така наречената Илирида, односно така наречената „Голема Албанија“, заклучува тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1