Деталите од овој бизарен инцидент осамнаа дури неодамна. Овој „ритуал“ се случил во 2000 година, во болница во Индија која ја води токму Синг.
Истражното биро на Индија го обвинило Синг за злосторство на нанесување тешки телесни повреди и моментално тој се наоѓа под истрага.
Ова не е прв пат контроверзниот гуру да се најде на мета на полицијата, со оглед дека во 2002 година бил испитуван после убиство на еден новинар. Исто така, бил осомничен за сексуално злоставување на свои следбеници, но случајот не дошол до суд.
Адвокатот на Ханс Раџ Чаухан, единствена жртва од кастрацијата која засега се обратила во јавноста, вели дека гуруто го убедил неговиот клиент и останатите дека ќе станат „отпадници во општеството“ доколку одбијат да ја направат операцијата за отстранување на тестисите.
„Нив им било речено дека со кастрација ќе го запознаат Бог. Гуруто им се заканил дека ќе бидат отфрлени од општеството и ќе бидат омразени доколку не го направат тоа“, рекол адвокатот на една од жртвите.
Гуру Рам Рахим е сопственик на социјално-политичката организација „Дера Сеча Сауда“ чија вредност се проценува на 35 милиони евра.
Покрај успешниот бизнис и големото богатство, гуруто се испробал и во актерските води. Тој ја толкува главната улога во новиот филм „Божји гласник“ во кој оди по воздух и се вози на огнен мотор. Индиска верзија на супермен.