Поради густата магла со видливост до 50 метри сообраќајот ноќеска се одвиваше отежнато на патниот правец Петровец-Катланово, како и во Скопје.
Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во земјава се одвива тековно, по суви, а наместа и по влажни коловози, особено на планинските превои и на осојничавите места.
Особено внимателно треба да се вози во клисурите и засеците, каде се можни помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово и Катланово-Велес.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.









