Гувернерката на Србија: Не беше кражба, сакаа да ме убијат


Јоргованка Табаковиќ, гувернер на Народната банка на Србија, која е нападната во хотелот „Маестрал“ во Црна Гора, вели дека кобната ноќ во нејзината соба 1409 сигурно не бил крадец, туку некој кој сакал да ја види мртва.

-Веројатно сметал на инфаркт без можност да се спасам со лекови, вели Табаковиќ.jorgovanka-500

Напаѓачот дошол во хотелот во 4:50 наутро, а го напуштил во 5:12. Точно знаел каде оди-право во собата 1409 во која била гувернерката.

-Не го земе накитот од масата, ни телефонот, ни пасошот, ниту паричникот од торбата…Ништо, само мал невпечатлив несесер кој беше на дното од торбата со лекови за срце. Не е непознато дека имам сериозни срцеви заболувања, а секој на појадокот можеше да види дека пијан лекови токму од тој несесер, вели Табаковиќ.Maestral-500

 

Манијакот и се заканил на гувернерката дека не смее да бара помош, се додека не побегне, а потоа почнал да се спушта низ терасите бегајќи.

Набрзо е уапсен и предаден на понатамошна постапка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1