Гужва на Балканот: По Либерланд, меѓу Хрватска и Словенија се појави уште една “држава”


На границата меѓу Хрватска и Словенија, на само 50 километри од Загреб, еден Полјак ја основа “најмалата држава во Европа“ од само 100 квадратни метри која го носи името “Кралството Енклава“.

Откако Вид Јеличка помеѓу Хрватска и Србија ја воспоставил фиктивната држава “Либерланд”, истото го направил и Полјакот К. Врона, објавила веб страната 24.sata.hr.enklava i liberland

“Кралството Енклава” е основано на земја меѓу словенечка Брезовица кај Метлиќи и Брезвоица Жумберачка, на 50 километри од Загреб.

Иако нема голема територија, “Кралството Енклава” има своја страна на интернет, како и профил на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук. Врона себе си се прогласил за крал, а на изборите одбрал неколку министри. “Кралството Енклава“ се уште нема знаме и главен град, но затоа има мото – “граѓани на целиот свет“, како и валута – “догекоин“.
Официјални јазици на новата “држава“ се англискиот, полскиот, хрватскиот, словенскиот и кинескиот, а оваа нова “микронација“ , веќе има 134 “државјани“, наведува хрватскиот портал.kralstvo-enklava-drzava-slo-hrv-01

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1