Тие што го нападнаа Куманово планираат напад и во Косовска Митровица


Даут Харадинај, родениот брат на Рамуш Харадинај, непосредно се доведени во врска со организирањето на терористичката група и исите тие планираат напад и врз Косовска Митровица. Токму тоа се групите кои извршиле напад во текот на викендот во Куманово, гласат оперативните сознанија.

Безбедносните служби наведуваат и дека, поради поврзаност на албанските екстремисти во регионот и нивната заедничка цел голема Албанија, можниот обид за дестабилизација на југот на централна Србија по истото сценарио, се тие поради кои се превземаат одговорните мерки.daut-haradinaj

– Екстремистите на подрачјето на Косовска Митровица планираат во наредните денови на северот на Косово и Митровица да предизвикаат инциденти насочени кон работниците и зградите на Канцеларијата на Косово и Митровица, која е во близина на Пожарникарскиот дом.

Со нападите во Куманово се доведуваат во врска Хамди и Мирсад Ндрецај, поранешни припадници на ОВК и ОНА. Ослободителната национална армија (ОНА) и Ндрецај и официјално ја превзеле одговорноста за настанот.

„Под непосредно влијание на Харадинај се членовите на семејствата на терористите Ндрецај, меѓу кои е и Мирсад Ндрецај наречен Нато, потоа Сами Укшими наречен Соколи, Бег Ризај. Меѓу членовите на оваа група има и генерали на ОВК кои своевремено делувале во дреничкиот регион и тоа време биле под директна команда на Даути“, пишува во извештајот.

Даут Харадинај, според истиот извор, “планира и во наредниот период да поднесе оставка на сите политички функции во партијата на братот Алијанса за иднината на Косово, вклучувајќи го и местото претставник во Собранието на Косово и тоа поради неговото наводно скорешно кривично процесуирање на Косово“.

Denesen.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1