Скандал во кралското семејство: Престолот на Чарлс загрозен поради 27-те тајни писма!


Принцот Чарлс повторно е во центарот на медиумското внимание поради писмата кои после 10 години правна борба ќе и бидат достапни на јавноста. Случајот е познат под називот „Црн пајак“ (Black Spider) поради ракописот на принцот со кој ги потпишувал писмата.

Што се, всушност, писмата „Црн пајак“hari-carls-540x320

Станува збор за 27 документи на коресподенција помеѓу принцот Чарлс и министер во владата во периодот од 2004 до 2005 година. Се наведува дека писмата ги содржат исклучително јасните ставови за политиката на принцот. Кралското семејство не смее да се меша во политика.

На кого принцот Чарлс му ги пишувал

Писмата се испраќани на адреса на седум министри во Вајтхол за време на вториот мандат на премиерот Тони Блер. Принцот им пишувал на министрите за работата и иновациите, храната и руралните работи, здравството, децата, образованието и семејството, културата, медиумите и спортот. Во едно писмо упатено до премиерот Тони Блер, принцот Чарлс наведува дека е потребно да се вложат дополнителни средства за да можат британските трупи да ја извршат својата работа во Ирак.

„Се плашам дека ова е само уште еден пример во кој од нашата војска се бара да изврши исклучително комплицирана работа (особено во Ирак) без потребните средства“, напишал Чарлс.

Зошто толку правна битка околу „обични“ писма

Поранешниот државен обвинител Доминк Грив вели дека писмата ги одразуваат мошне личните ставови и верувања на принцот. Грив тврди дека објавувањето на писмата би можело да има големо влијание на „политичката неутралност“ на принцот итие би можеле да ја доведат во прашање неговата способност околу владеењето доколку би седнал на престолот.

Како се почнало

Новинарот Роб Еванс од „Гардијан“ се повикал на слободата на информирање и побарал да ги добие писмата на принцот на увид уште во 2005 година. Еванс поднел барање за да може јавноста да добие увид во писмата и да одлучи дали се соодветни на позицијата на Чарлс. После 10 години правна борба писмата конечно ќе бидат објавени бидејќи судот смета дека нема валидни причини да се блокира постапката.

Сепак, содржините на писмата нема да бидат објавени во целина. Како причина за тоа се наведува заштитата на податоци на луѓето кои се спомнати во писмата.

Кабинетот на принцот Чарлс соопштил дека писмата покажуваат како принцот ги изразувал своите ставови за работите од општ интерес, за кои порано отворено зборувал.

„Принцот од Велс искрено се грижи за оваа земја и се обидува својата единствена позиција да ја искористи за да им помогне на другите“, стои во соопштението.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1