Во просториите на киното „Синеплекс“ во Сити мол идниот месец ќе се одржат првите аудиции за Х Фактор, кои овојпат започнуваат во Скопје.
Аудициите ќе се одржат на 2 и 3 февруари.
Организаторите решија да започнат со аудициите токму во Македонија, бидејќи тоа е земјата на првиот победник Даниел Кајмакоски. Аудициите подоцна ќе продолжат низ Србија ,Црна Гора, Босна и Херцеговина, Република Српска, а од оваа сезона регионална ѕвезда ќе се бара и во Хрватска.
Пријавувањето се уште трае и тоа преку страната „Икс-фактор Адриа“ на „Фејсбук“ или со испраќање на смс-порака на 14 722
со содржина X2 (празно место) вашето име и презиме. Цена на пораката е 5,9 денари со ДДВ.