Автопатот од македонската граница кон Ниш повторно прооден


Јавното претпријатие „Путеви Србије“ соопшти дека патниот правец од Ниш кон македонската граница е повторно прооден, неколку часа откако  поради зголемување на водостојот на реката Јужна Морава, дошло до поплавување на тој патен правец, јави РТС.

Фото: rts.rs

Фото: rts.rs

Патниот правец II A-158 Ниш-Врање, Лесковац, Владичин Хан – Врање – Бујановац – државна граница со Македонија беше непрооден. Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на Јужна Морава дојде до поплавување на  делницата Предејане – Владичин Хан од км 256+094 do км 257+094, а на км 249+760 однесен е насипот од патот и поради тоа сообраќајот беше целосно запрен до 18 часот.

Сега овој пат е повторно во функција.

Инаку, дождовите на југот на Србија престана, нивоата на помалите водотеци се намалуваат, но расте нивото на Јужна Морава, па не е чудно повторно да има ситуација главната сообраќајна артерија низ Јужна Србија да биде затворена за сообраќај.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1